Во светиот ден на Христовото Воскресение, во попладневните часови, според традицијата во нашата Црква, се служи Вечерна богослужба, на која се чита Евангелието според светиот апостол и евангелист Јован, за Христовото јавување на Неговите ученици по Воскресението. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој го читаше Евангелието на црковнословенски јазик, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски (латински јазик), свештениците Никола Христоски, Димче Азески (грчки јазик), Горан Ставрески, Владо Недески (англиски јазик), Ѓорѓи Блажевски (македонски јазик), Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски (руски јазик) и ѓаконот Сашо Целески (италијански јазик). По завршувањето ан богослужбата беше прочитано Велигденското послание, а Митрополитот Тимотеј, заедно со свештенството, им го честита најголемиот празник на многубројните верници и им подели по едно црвено Велигденско јајце.
affiliate link trace | Air JordanНАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН
„На смртта ѝ го празнуваме умртвувањето, на адот - разурнувањето, почетокот на друг - вечен - живот, и со радост Го воспеваме Створителот - единствениот благословен и најславен Бог на отците“ (песна од Канонот на Утрена на Воскресение Христово).
Оној, Кој живее во светлина, ги разруши оковите на смртта и адот, и ги ослободи сите кои поверуваа во Него и им даде вечен живот. Затоа дојдете да се зарадуваме и да се развеселиме во овој ден, и да запееме: О, Пасха велика и најсветла, Христе! О, Мудрост и Слово Божјо, и сило! Давај ни поцелосно да се причестуваме со Тебе во невечерниот ден на Твоето царство.
На овој најсвет ден, на 12.04.2015 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, најпрво беше дочекан Воскреснатиот Христос и беше објавено Неговото Воскресение, а потоа се отслужи и света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Љупчо Бакрачески и Миле Алексоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Од името на нашиот Митрополит и од името на целата Епархија, ви го честитаме Воскресението Христово, со најрадосниот поздрав: Христос воскресе!
На дочекот на Христовото Воскресение, беше прочитано и Велигденското послание, испратено од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кое интегрално ви го пренесуваме.
Sportswear free shipping | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STOREВЕЛИКИ ПЕТОК - ВЕЧЕР
„Христе, Кој ги држиш краиштата на светот, доброволно си прифатил да бидеш држан од гробот, за да го избавиш човештвото од проголтувањето адово и, како Бог бесмртен, откако ќе воскреснеш, и нас да нè оживиш“ (тропар на пророштвото од Утрена на Велика Сабота).
На Велики Петок вечерта, кога всушност ја пееме Утрената од Велика Сабота, го прославуваме телесното погребение и слегувањето во адот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, каде и на оние кои од дамнини Го чекаа спасението, им беше проповедано Словото Божјо. Бог слегува во адот, со Својата обожена душа, а со Својата божествена природа Он седи заедно со Отецот и светиот Дух.
На овој свет ден, на 10.04.2015 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба на која се пее Опелото Христово, а на со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Роберт Илијевски и Миле Алексоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На соодветното место беше извршена и литијата, односно трикратното опкружување околу храмот, кое го симболизира Христовото погребние. Се поклонуваме на Твоите страдања Христе и го чекаме Твоето свето Воскресение!
bridgemedia | Nike ShoesВЕЛИКИ ПЕТОК - УТРО
„Тебе, Творецот на сè и Бога, гледајќи Те на крстот, Христе, онаа што бессемено Те родила, горко викаше: Сине Мој, каде зајде Твојата убавина! Не можа да гледам како Те распнуваат неправедно: но, побрзај, стани, за да го видам и јас Твоето тридневно од мртвите воскресение“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велики Петок).
На Велики Петок утрото, со пеењето на Царските часови и Вечерната, продолжува оплакувањето на Спасителот, на Оној Кој е пред вековите, а Кого неразумните не Го познаа и Го распнаа на крст. На овој ден, кој го прославиваме на 10.04.2015 година, во утринските часови, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј чиноначалствуваше на богослужбите во храмот „Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба беше изнесена светата Плаштаница, со која се симболизира Христовото полагање во нов гроб, во гробот од кој за три дни ќе изгрее животот за сиот човечки род.
affiliate tracking url | NIKE AIR HUARACHEВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - ВЕЧЕР
„Оној што се облекува со Светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш црковната завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сè што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (десетти антифон од Утрена на Велики Петок).
Во светиот и Велик Четврток вечер, кога според Уставот на православната Црква се пее Утрената богослужба од Велики Петок, и се читаат дванаесетте страсни Евангелија, ние си спомнуваме за сите маки и страдања, кои нашиот Спасител, Господ Исус Христос, ги претрпе од страна на беззаконите луѓе. Иако невин како Јагне, Он беше предаден во рацете на иноверните, беше плукан, тепан, измачуван, а ја прими и најсрамната смрт за тоа време - распнувањето на крст. Ете таква љубов има Спасителот. Затоа и ги подготвуваше Своите ученици, а и сите нас, со зборовите: Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг (Јн. 13,34).
На овој свет ден, на 09.04.2015 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба со читање на дванаесетте страсни Евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Петре Бојчиноски, Васко Голабоски и Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ.
best Running shoes | Converse Chuck 70 National Parks - Red Bark / Malted / Gold Dart – Spartanova





