„Мироносиците, кои рано наутро дојдоа и гробот празен го најдоа, на апостолите им говореа: Силниот ја порази распадливоста, и оние во адот ги избави од оковите. Со смелост проповедајте дека воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува милост голема“ (седална стихира на Утрена на Недела на жените мироносици).
На 26.04.2015 година, во Третата недела по Пасха или Неделата на жените мироносици, беа осветени Источниот и Горниот палат во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски манастир, кои пред нешто повеќе од пет години целосно изгореа во големиот пожар, кој го зафати ова наше светилиште. Но, оваа трагедија не беше причина за очајание за монашкото братство, на чело со нивниот игумен, архимандритот Партениј, Напротив, оваа разорна стихија уште повеќе ги зближи браќата на духовен план, издигнувајќи го во нив духовниот живот на уште едно повисоко ниво. Нивниот заеднички, пак, труд, денеска може да го видиме во сега уште поунавите реконструирани и новонаправени конаци, кои заблескаа во уште поубав сјај, не оставајќи го рамнодушен ниту еден верник, политичар, дипломат и секој еден посетител на Бигорската обител.
Осветувањето започна со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Спасе Стефановски, еромонасите Доситеј, Макариј и Никанор, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконите Ратомир Гроздановски, Дени Насков, Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Дејан Борисов, Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати со пригодна беседа кон неизбројниот верен народ, а потоа свештенослужителите, заедно со верниот народ, излегоа во дворот на манастирот, каде што беше извршен чинот на Осветување на конаците.
Best jordan Sneakers | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey





