„Денес е објавувањето на радоста на целиот свет, денес задуваа ветрови, навестувачи на спасението: неплодноста на нашата природа се разрешува, зашто неплодната станува мајка на Онаа, која и по раѓањето на Животодавецот останува девојка; од неа го зема она што не е нејзино, а кое е Бог по природа, и на заблудените им дава спасение воплотениот - Христос - Човекољубец и избавител на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Голема вечерна на Рождество на Пресвета Богородица).
Празнувањето на Пресветата Мајка Божја секогаш е и ќе биде торжество само по себе, зашто не може, а да не се слави онаа која Го сместила во својата утроба Царот Христа и која се принесе себеси како жртва и дар од луѓето. Тоа верните го чувствуваат и знаат, но знаат и дека секоја нивна правилна молба кон Мајката Божја ќе биде услишана и исполнета. Затоа и манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, уште во вечерните часови пред празникот на Рождеството на Пресвета Богородица, беше исполнет со неизбројно мноштво верници, кои од сите краишта на нашата земја, дојдоа да се поклонат и да се помолат на чудотворната икона на Мајката Божја.
jordan Sneakers | NIKE AIR HUARACHE





