„Николае, ти си хранител на вдовиците и татко на сираците, помошник на оние што се во маки, утеха на расплаканите, пастир и патеводител на сите заблудени. И сите нас, со твоите молитви, избави нè“ (песна од канонот на Утрена на свети Николај Мирликиски).

 

На 11.10.2015 година, во Деветнаесеттата недела по Педесетница, и на празникот на преподобниот Харитон Исповедник и на светиот пророк Варух, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, свештениците Александар Матески и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм, посветен на светиот Никола Мирликиски Чудотворец, во с. Манастирско Доленци, Кичево. По осветувањето, беше отслужена и првата света архиерејска Литургија во новоосветениот храм. 

jordan release date | Footwear
Повеќе...

На 07.10.2015 година, во просториите на Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, беше промовирано капиталното дело за сиот православен свет, досега издадено во триесет и осум тома, „Православна енциклопедија“. Ова грандизоно и историско дело за православната екумена, кое го има во печатено, но и во електронско издание, не е само обично издание, туку и цел научен центар, во кој редовно работат повеќе од сто вработени, а истото има свои претставништва во повеќе православни земји. На промоцијата свечено беше најавено и отворањето на едно вакво претставништво и во нашата земја, на чие чело ќе застане рекоторот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски. На промоцијата присуствуваше директорот на „Православна енциклопедија“, г-дин Сергеј Кравец, како и специјалниот претставник за меѓународна културна соработка на Претседателот на Руската федерација, г-дин Михаил Швидкој. Промоцијата ја проследија и повеќе свештенослужители на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, кои беа водени и од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На промоцијата присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, градоначалникот на Охрид, г-дин Никола Бакрачески, заменикот министер за култура на РМ, г-дин Драган Неделковиќ, научни работници и останати гости.

Authentic Nike Sneakers | Nike Running
Повеќе...

На 30.09.2015 година, денот кога го прославуваме споменот на светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерите Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, кон многубројниот верен народ, со пригодно слово се обрати свештеникот Ѓорѓи Блажески.

bridgemedia | Nike Air Max 270
Повеќе...

„Порано во рајот дрвото ме соголи, кога со вкусувањето непријателот ми принесе умртвување; крсното, пак, дрво на животот, на луѓето носејќи им облека, се забоде, и целиот свет со секаква радост се исполни, гледајќи го како се издигнува: луѓе, согласно, со вера да Му запееме на Бога: Домот Твој со слава се исполни“ (седален по полиелејните псалми на Утрена на Крстовден). 

 

Првото дрво како забрането донесе зло и смрт на луѓето и измамата на лукавиот се насеи на земјата. Но, денес се возрадува вселената, зашто се издигна второто дрво, попрскано со крвта на Воплотениот Бог Слово, и измамата беше срушена и поразен беше непријателот. Затоа, верни, радувајте се и воспејте Му на Господа, Кој се прослави: Највоспеан Боже на татковците, и наш, благословен Си

 

На овој светол ден, на 27.09.2015 година, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати пред мноштвото верни со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Nike footwear | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG
Повеќе...

„Мајко Божја, непрестајно моли Го милостивиот Христос, да нè избави од секаква беда, нас кои што те исповедаме како Богородица, непогрешлива и чудесна помошница на христијаните, и Те провозносиме во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на Пресветата Мајка Божја заврши со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски, Димче Ѓорѓиески и Никола Христоски, свештениците Благоја Спироски, Љупчо Бакрачески и Александар Крстаноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрат кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

trace affiliate link | Nike News
Повеќе...
Страница 179 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5