„Како закон на страдалниците, маченику, откако се ослободи од секаква љубов светска, се нахрани со благодатниот елеј на Духот. А кога ги победи началствата на темнината, прими награда да точиш миро слаткомирисно, Димитрие“ (песна од канонот на Утрена на св. вмч. Димитриј).

 

На 08.11. 2015 година, во 23 Недела по Педесетница и на празникот на светиот великомаченик Димитриј Мироточив Солунски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игро Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, протоерејот Игор Никовски се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ.

Nike footwear | Nike WMNS Air Force 1 '07 Essential , CZ0270-102 , Querrey
Повеќе...

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол. преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради ова, со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“ (седален по 3-та песна од Канонот на свети Прохор Пчински).

 

На 01.11.2015 година, во 22 Недела по Педесетница, како и на празникот на светиот Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верниците.

best shoes | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp
Повеќе...

Виктор Недески

 

 

Ликот и делото на свети Константин Кавасила
                                           Архиепископ Охридски

 

Великиот меѓу архиепископите на славната Охридска Aрхиепископија - светиот Константин Кавасила е вистинска пофалба и украс, не само на градот крај белото езеро, туку и на Православната Црква ширум вселената. Неговиот животен пат е специфичен по многу нешта. Живеејќи во една вистински бурна епоха на постојани војни и борби за превласт помеѓу христијанските владетели на распарчената Источна империја, овој свет архипастир грижливо бдеел над повереното стадо. Раководен единствено од мерката Христова и никогаш не штедејќи се себеси како добар пастир на Црквата, многупати покажал дека е подготвен да ја положи и душата своја за своите овци . Притискан, уценуван и затворан, свети Константин мажествено трпел сè, непрестајно славејќи Го Бога, и плетејќи ги своите молитвени приноси кон Господа и кон светите Божји угодници, на кои се уподобувал.


За жал историските прилики се причина, до нас да стигнат мал број податоци за животот и делото на овој славен и значаен архипастир на Охридската Архиепископија. Неговиот, пак, култ бил потиснуван од различните политички струења кои следувале кратко по неговото блажено скончание . Меѓутоа, по зборовите на псалмопевецот: праведникот останува во вечен спомен , па така и овој, можеби навидум, малку подзаборавен охридски светител, никогаш не избледел целосно од сеќавањето на Црквата Христова. Денес, пак, со споредување и добро поврзување на познатите фрагментални податоци за него, се добива солидна слика за неговиот живот и дело.

Asics shoes | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
Повеќе...

„Живот возвишен, блажен, поживеа, и ја украси твојата нарав, на словото благо сопатнику, стана правило на свештениците, ти најблескава ѕвездо на Мизија, но, спомни си сега Константине, за твоето стдао и добри пастири за него испроси“ (тропар на свети Константин Кавасила).

 

Неизброен е бројот на светиите, запишани во диптихот, но и незапишани, кои светата Црква, научена од Светиот Дух, ги прославува, а преку нив Го велича и Троичниот Бог. Многумина останале и по долго време непрославени, но, никогаш не биле заборавени од светата Црква Христова, а и Самиот Бог ги воздигнувал и возвеличувал  на разни начини. 

 

И денешниот ден (31.10.2015 година) е еден од тие денови кои се потврда на горенапишаното, зашто денеска за првпат на толку свечен и торжествен начин беше прославен прочуениот Охридски архиепископ, светиот Константин Кавасила, кој никогаш не бил заборавен, но и никогаш не бил толку прославен. Имено, денеска, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, го прославивме споменот на свети Константин, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритите Нектариј и Партениј, протоерите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески, Стевчо Тошевски и Игор Никовски, еромонахот Макариј, свештениците Васко Голабоски, Љупчо Симиџиоски, Ромео Петрески, Димче Азески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконите Сашо Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Влатко Стојменов и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Иларион, во име на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој поради отсуство не можеше да присуствува на Литургијата, ја прочита беседата со која Архиеписокопот ги поздрави верните чеда на Македонската православна црква. По Литургијата, беше промовирана и новата книга, посветена на светиот Константин Кавасила, а промотор на книгата беше дипломираниот теолог Виктор Недески, кој воедно е и автор на книгата.

Asics shoes | 『アディダス』に分類された記事一覧
Повеќе...

„Како убавина на Јакова, и скала небесна по која Господ слезе на земјата, некогашните слики ја пројавија твојата чест и слава, Богородице, како онаа која Го роди Бога на сите; те слават небесните ангели, и луѓето земни, бидејќи се молиш за целиот свет, покривајќи ги со милост оние што го прославуваат твојот чесен празник“ (стихира на Голема вечерна на Господи повикав...).

 

Денеска ја прославивме онаа, која ги надвишува сите суштетсва, небесни и земни, како помош и силен покров за христијаните. Ја прославивме онаа, која во својата утроба несогорливо Го носеше Христос Словото, Спасителот на светот. Како Мајка Божја која има смелост пред својот Син, Владичице не заборавај ги сите кои искрено ја молат твојата помош и застапништво, и покриј нè со покровот на твојата љубов.

 

На овој светол ден, на 14.10.2015 година, во капелата посветена на овој празник, а во Митрополитската резиденцијата на Дебарско-кичевската епархија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

latest Running Sneakers | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf
Повеќе...
Страница 178 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5