„Откако си го озари умот со просвештение на Божествениот Дух, чесната царица, имајќи богомудри плодови, ги возљуби благолепието и убавината на Црквата Христова, благословувајќи Го, заедно со верните, Богочовекот Исуса“ (песна од Канонот на Утрена во Прва недела од Великиот пост.
На 20.03.2016 година, во Првата недела од Великиот пост, кога ја прославуваме победата над една од најголемите ереси во Црквата, иконоборството, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Владо Недески и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Литургијата ќе остане засекогаш запаметена за дипломираниот богослов Павел Крцоски, кој од рацете на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во ѓаконски чин. Од името на Митрополитот Тимотеј и од сета Епархија, му го честитаме ѓаконскиот чин на Павел, со молитви кон Бога, Он да го води по патот на Неговите заповеди, на патот кон спасението. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј му се обрати на мноштвото верни чеда со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.
short url link | Nike





