„Денес се јави нашиот отец и голем застапник, и просветител, јасниот Наум. Пријдете да се собереме, мноштва мизиски, и да му се радуваме, бидејќи тој сите нас нѐ просветли, и мракот на прелеста го разруши. Тој Го следеше Христа и себе се предаде за жртва благопријатна. Тој, и неговиот многуславен спомен и празник, сега на сите верни им предлага духовна гозба. Затоа со љубов да го прославиме.
Просветителот и оној кој на сите кои со вера ќе го повикаат им приоѓа на помош, преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, и оваа година беше прославен со молитви и големи почести. Неговите светли подвизи, надалеку прочуени, и оваа година привлекоа огромен број верни од цела Македонија, но и надвор од неа, кои дојдоа да му се помолат и поклонат на Црноризецот. Реката верен народ, која трпеливо чекаше пред Светинаумовиот манастир, уште еднаш потврдува дека Бог е голем во неговите светии, а чудата на овој наш застапник ја покажуваат силата на молитвата и подвизите.
Празнувањето на преподобниот Наум Охридски, започна ден претходно, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевски, еромонасите Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово.
Running sneakers | Nike





