„Доброволно испосништво и труд си посакал, богомудри, и рамноангелен и духовен живот на земјата си покажал; а за многубројните подвизи си примил награда - даровите на Светиот Дух, бидејќи си бил пастир на словесното стадо и неисцрпно море на чудеса; и совршенство на свештенството, правило на монасите, вистински пророк на идни (настани), учител на многу народи и нов апостол“ (стиховна стихира на Вечерна на свети Климент Охридски).
Споменот на светиот Климент Охридскиот Чудотворец, патронот на нашата света Македонска православна црква и заштитникот на нашиот град, започна на 07.12.2017 година, со празнична Вечерна богослужба, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен Молебен на свети Климент Охридски пред неговите свети мошти.
Authentic Nike Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp





