„Дојдете да вкусиме од новиот плод на лозјето - радоста божествена и, во овој ден на Воскресение, да се приопштиме кон Царството Христово, воспевајќи Го Него како Бог, во вековите“ (песна од Канонот на Утрена во светата и велика недела на Пасха).

 

На 08.04.2018 година, на денот кога секое создание се радува и се весели поради Воскреснатиот Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј ја сподели најрадосната вест со нашите верни чеда во Австралија, во храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј. Со него сослужуваа протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прочитано Велигденското послание, со кое Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, им го честита најторжествениот празник на своите верни чеда насекаде во светот. Истото ви го пренесуваме во целост. 

latest Running | Nike Shoes, Clothing & Accessories
Повеќе...

„Денес адот стенкајќи вика: Подобро ќе ми беше ако не Го примев родениот од Марија; оти, кога дојде при мене, моќта ми ја разурна, вратите бакарни ги скрши, душите што порано ги држев, бидејќи е Бог, ги воскресна. Слава му, Господи, на Твојот Крст и на Твоето воскресение“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Велика Сабота).

 

На 07.04.2018 година, во светата и Велика Сабота и на празникот Благовештение, во храмот „Св. Никола“ во Кабрамата, Сиднеј, Австралија, беше отслужена света Архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоереите Наум Деспотоски и Александар Ивановски, свештеникот Игор Младеновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон вернио народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Adidas footwear | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp
Повеќе...

„Се исплашија хоровите ангелски, гледајќи Го Оној што седи во прегратките на Отецот, како Бесмртниот се полага во гроб како мртов, како ангелските чинови Го опкружуваат и со мртвите во адот Го слават, како Создател и Господ!“ (седален на Утрена на Велика Сабота).

 

На 06.04.2018 година, на Велики Петок, во вечерните часови, кога се служи Утрената богослужба од Велика Сабота, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј, Австралија, беше отслужена Утрена богослужба и беше извршено Опелото на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Наум Деспотоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово. 

buy footwear | Yeezy Boost 350 Trainers
Повеќе...

„Оној што се облекува со светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш храмовата завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сѐ што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (Десетти антифон на Утрена на Велики Петок).

 

На 05.04.2018 година, во вечерните часови на Велики Четврток, кога според црковниот устав ја служиме Утрената богослужба од Велики Петок, во храмот „Св. Климент Охридски“ во Канбера, Австралија, беше отслужена Утрена богослужба со читање на Дванаесетте страдални евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Радојчо Митрев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово. 

short url link | Nike News
Повеќе...

„Вистинската Мудрост Божја, тајно водејќи ги пријателите свои, им подготвува душехранлива трпеза и за верните ја полни чашата на бесмртноста. Да пристапиме набожно и да повикаме: Христос, нашиот Бог, славно се прослави“ (песна од Канонот на Утрена на Велики Четврток).

 

На 05.04.2018 година, на великиот ден на востановувањето на светата Тајна Евхаристија, на Велики Четврток наутро, во храмот „Св. пророк Илија“ во Квинбијан, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Ѓорѓи Митев и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest Running | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...
Страница 132 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5