На 10.04.2018 година, на третиод ден од Воскресението Христово, беше прославен големиот Јубилеј, 40 години од изградбата на храмот „Св. Петка“ во Рокдејл, Сиднеј. По повод овој голем Јубилеј, на прославата присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Како знак на благодарност кон Митрополитот Тимотеј, за својот придонес и поддршка на македонскиот народ и црква во Австралија низ сите години на неговата архиерејска служба, управата на овој наш православен храм, му подари на својот надлежен Архиереј прекрасна филигранска панагија. Митрополитот Тимотеј се заблагодари на сите кои дале дел од своето време, од своите финансии и кои вложиле особени напори во изградбата на храмот, но и на сите кои низ текот на овие четириесет години непоштедно се грижат за него. Неговите благодарствени зборови ви ги пренесуваме во целост.

best Running shoes | Nike Shoes
Повеќе...

„Твојот ангел, Господи, кој го објави Вокресението, ги исплаши стражарите, а на жените им извика, говорејќи: Зошто Живиот Го барате меѓу мртвите? Он воскресна, бидејќи е Бог, и на вселената живот и дарува“ (хвалитна стихира на Утрена во Сабота од Светла седмица).

 

На 14.04.2018 година, во Саботата од Светлата седмица и на празникот на светата Марија Египетска, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи и Прес. Богородица“ во Епинг, Мелбурн, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Ефтим Бетински и Димче Ѓорѓиески, игуменот Гаврил, свештеникот Климент Станковски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Asics footwear | Nike, adidas, Converse & More
Повеќе...

„Отроковице Дево, јас знам дека ти си светол и свет храм на Господа, и извор на нетление, кој излева вода - Христа, од Кого се напојуваме“ (песна од Канонот на Утрена во Петок од Светла седмица - Источен петок).

 

На 13.04.2018 година, во Петокот од Светлата седмица - Источен петок - Балаклија, во храмот „Св. Јован Крстител“ во Џилонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Чедомир Илиевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest jordan Sneakers | Nike, adidas, Converse & More
Повеќе...

„Радувајте се, луѓе, и веселете се! Ангелот што седеше на гробниот камен, тој ни благовести, велејќи: Христос - Спасителот на светот - воскресна од мртвите, и со благопријатна миризба ја исполни вселената. Радувајте се, луѓе, и веселете се!“ (Хвалитна воскресна стихира на Утрена на Втор ден Велигден).

 

На 09.04.2018 година, во Понеделникот од Светлата седмица - Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот македонски народ во пригодно слово, во кое ја сподели радоста за воскреснатиот Христос, и им посака на верните чеда Воскреснатиот Христос да воскресне и во нивните души и срца и секогаш да ги упатува кон вршење добри дела, да им даде сила и меѓусебна љубов во разбрануваното море на животот, и да биде со нив и да ги укрепува во храбрите и доблесни дела за афирмација на нашата света Македонска православна црква и на маекдонскиот народ во далечната Австралија. 

Nike Sneakers | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth
Повеќе...

„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на нашите души, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во светата Недела на Пасха).

 

На 08.04.2018 година, на самиот ден на Воскресението Христово, во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Розбери, Сиднеј, Австралија, беше отслужена свечена Пасхална вечерна богослужба, или служба попозната како Второ Воскресение Христово, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоереите Наум Деспотоски и Александар Ивановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј им го честита најсветлиот Празник над празниците и се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

bridge media | New Releases Nike
Повеќе...
Страница 131 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5