„Душата твоја, отче, се јави како голем орел над пештерата, каде што постеше многу години. Војниците што те бараа, видоа и на царот му јавија. А тој, кога дојде, ги најде твоите пречесни мошти и радосен викаше: Радувај се, отче, пустинска убавино и новозапален светилнику“ (песна од канонот на Утрена на преп. Прохор Пчински).
На 01.11.2018 година, на денот посветен на преподобниот Прохор Пчински и на пренесувањето на моштите на св. Јован Рилски, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги благослови верните чеда и им го честита празникот.
Nike Sneakers Store | Gifts for Runners





