„Желна да го видиш Крстот, со просвештението на крстот си се озарила, Марие, и со еден знак на Оној што на крстот се прикова, како Него се распна за светот и ти, која за восхит си достојна“ (песна од канонот на Утрена во Петта недела од Великиот пост).

 

На 14.04.2019 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на светата Марија Египетска, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Sports brands | balerínky
Повеќе...

„Од сите краишта те фалат, славејќи те и со љубов ти викаат: радувај се, книго света, во која со прст се напиша Словото на Отецот, Чиста. Него моли Го во книгата на животот да се запишат слугите твои, Богородице“ (песна од канонот на Пресвета Богородица).

 

На 12.04.2019 година, во петокот од Петтата недела на Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужено Мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Акатистот, свештеникот Димче Азески, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое ја истакна улогата на Мајката Божја, без чии молитви, нашиот духовен живот и секој подвиг ќе бидат залудни.

Running Sneakers | Nike
Повеќе...

„Тебе, Богородице, поборнице војвотко, ние твоите слуги, од злото избавени, победна и благодарствена песна ти пееме: Како онаа што имаш сила непобедлива, од секакви неволји ослободи нѐ, за да ти викаме: Радуј се, Невесто неневесна!“ (кондак на утрена на Благовештение на Пресвета Богородица).

 

На 07.04.2019 година, во Четвртата недела од Великиот пост и на празникот Благовештение на Пресвета Владичица наша Богородица, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Сашо Богданоски, свештениците Кирил Јованоски, Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата, Митрополитот Тимотеј го произведе во протоерејски чин свештеникот Кирил Јованоски, како заслуга за неговата долгогодишна свештеничка дејност, која отец Кирил ја извршува ревносно и со страв Божји. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Buy Sneakers | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth
Повеќе...

„Радувај се, Пречиста Влафичице, очистилиште на светот. Радувај се, лествице, која со благодатта ги издигнуваш сите од земјата. Радувај се, мосту, кој навистина ги преведуваш од смртта кон животот, сите што тебе ти пеат“ (песна од канонот на Мало повечерие на Акатист на Пресвета Богородица).

 

На 05.04.2019 година, во четвртиот петок од Великиот пост, во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево, беше отслужен Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пресветата Мајка Божја, нашата постојана заштитничка и покровителка, да ни дава сила и утрвдување во верата, та очистени преку постот и молитвата во овие денови на Великиот пост, да го дочекаме и славното Христово Воскресение. Амин.

Sports Shoes | Air Jordan Retro - 2021 Release Dates + Preview , Fitforhealth
Повеќе...

„Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч, зашто на негово место дојде крсното дрво; осилото на смртта отапе, и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе, викајќи им на оние во адот: Влезете пак во рајот“ (кондак во Трета недела од Великиот пост - Крстопоклона недела).

На 31.03.2019 година, во Третата недела од Великиот пост - Крстопоклона недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. Пред почетокот на Литургијата, според типикот на православната Црква, беше изнесен светиот Крст, како поткрепа и потсетување на страдањата на нашиот Спасител. И ако Он, како Син Божји, толку многу се понижи и пострада за нас со срамна смрт - на Крстот, тогаш и ние уште повеќе треба да се трудиме во нашите посни подвизи, та и ние да се прославиме со Него, учествувајќи во Неговото славно Воскресение. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Sneakers Store | Nike
Повеќе...
Страница 114 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5