„Да го воспееме сите врвот на апостолите, божествените Петар и Павле, светилници на вселената, проповедници на верата, труби на Божјата наука, толкувачи на учењата, столбови на Црквата и разорители на лагата“ (светилен на Утрена ан св. апостоли Петар и Павле).

 

На 12.07.2019 година, денот кога го прославуваме споменот на светите славни, сефални и првоврховни апостоли Петар и Павле, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевче Тошевски, свештеникот Александар Матески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Nike sneakers | Autres
Повеќе...

„Излевајте, гори, радост слатка; и вие, ридови, играјте како јагниња, зашто од Елисавета се роди оној што со нас ќе остане, - Господовиот Претеча, кој со раѓањето ја разреши безгласноста на таткото. Затоа и ние му викаме: Крстителу Христов, моли се да се спасат душите наши“ (литиска стихира на Вечерна на Рождество на св. Јован Крстител).

 

На 07.07.2019 година, кога го славиме Раѓањето на чесниот славен пророк, претеча и Крстител Јован, и годинава река од верен народ се собра во нашата свештена Бигорска обител, да го прослави оној кој го подготвуваше патот за доаѓањето Христово - крајот на пророците и почетокот на апостолите. Празнувањето на Крстителот започна со сеноќно бдение, на кое чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандритот Партениј, игумен на манастирот, како и повеќе свештенослужители. Торжествата продолжија утрината, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Иларион, Епископот Хераклејски г. Климент, архимандритот Партениј, протоерејот Јован Димитров, еромонасите Доситеј, Макариј, Еразмо, Ефросиниј и Кирил, свештениците Павел Крцоски и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а Епископот Климент се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Прославата продолжи во дворот на манастирот со традиционални песни и ора, изведени од ансамблот „Македонија“. Во продолжение, во манастирската галерија беше отворена и изложбата на древни традиционални носии од дебарско-реканската етхографска целина, организирана од уметничкиот менаџер на „Македонија“, проф. д-р Владимир Јаневски. Изложбата ќе остане во Бигорски во текот на јули и август. 

latest jordans | Best Selling Air Jordan 1 Mid Light Smoke Grey For Sale 554724-092
Повеќе...

„Преподобен Науме, заедно со божествениот Климент ја обиколивте земјата и, откако ја обработивте, ги засеавте во неа божествените догмати, па и сега ги берете плодовите од божественото познание, и годишните пеења“ (песна од канонот на Утрена на преп. Наум Охридски Чудотворец“).

 

И оваа година, неизброен верен народ дојде во манастирот на мизискиот светилник, на чесниот украс на монаштвото, преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, за да ги прослави неговите подвизи и чудеса. Прославата на преподбниот Охридски апостол, започна на 02 јули, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Јова Димитров, свештениците Димче Азески, Љупчо Бакрачески и Александар Димоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост.

Best jordan Sneakers | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp
Повеќе...

„На Крстот се прикова, Животе на сите, и во мртвите се вброи, бесмртен Господи. Си воскреснал по три дена, Спасителе, откако го подигна со Себе Адама од распадливоста. Поради тоа небесните сили Ти викаа: Животодавче Христе, слава на Твоето Воскресение, слава на Твоето снисходење, единствен Човекољупче“ (воскресен седален во Недела на Утрена глас 1-ви).

 

На 30.06.2019 година, во Втората недела по Педесетница и на празникот на св. маченици Мануил, Савел и Исмаил и на преп. Јосиф и Пиор, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола ХРистоски, свештениците Ромео Петрески, Александар Крстаноски и Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши преосветување на светиот престол во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи Победоносец“ во с. Врбјани, општина Дебарца, Охрид. Храмот е изграден во 1605 година, а сега се направи нов престол, иконостас и под, а направена е и дренажа околу храмот. По преосветувањето, веднаш беше отслужена и света архиерејска Литургија, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

affiliate link trace | Nike Dunk - Collection - Sb-roscoff
Повеќе...

„Со песни да ги украсиме како со венци: Крстителот и Претеча, апостолите, пророците, мачениците и свештеноначалниците, испосниците и преподобните, заедно со богољубивите жени и сите праведни, и ангелските чинови, молејќи се, да ја примиме од Христа Бога нивната слава“ (светилен на Утрена во Неделата на Сите Светии).

 

На 23.06.2019 година, во првата недела по Педесетница, кога го прославуваме споменот на Сите Светии, во манастирот „Сите Светии“ во с. Лешан, општина Дебарца, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоереите Темелко Донески и Кирил Јованоски, еромонахот Вартоломеј, старешина на манастирот, свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Running Sneakers | Patike
Повеќе...
Страница 108 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5