„Извршувајќи ја свештената служба на Христовото Евангелие, од добродетелните височини, божествениот Павле со радост ти ги испрати боговдахновените посланија тебе, Тимотее, како на ученик, благовестејќи Го нашиот Бог, Кој е фален и е најславен“ (песна од канонот на Утрена на св. ап. Тимотеј).

 

На 04.02.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј, како и по повод именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а свештеникот Ѓорѓи Блажевски, со благослов на Митрополитот Тимотеј, искажа пофални зборови за светиот апостол Тимотеј и му го честита именденот на нашиот духовен водач и владика. Од името на свештенството, монаштвото и сиот верен народ од нашата света Епархија, му го честитаме именденот на Митрополитот Тимотеј, со молитви кон нашиот Бог Господ, уште многу години да го закрепнува во неговата благородна, но и тешка епископска должност, та преку неговите молитви и мудри совети, и ние, заедно со него, да одиме по патот Христов, по единствениот пат на спасението. На многаја лета, Високопреосвештени Владико!

best shoes | adidas garwen spezial white shoes - New In Shoes for Men
Повеќе...

„Имајќи го в раце црковното кормило, добиено од Божјата промисла, Атанасие, како некоја секира ги сосече сите душегубни хули на еретицитем искоренувајќи ги како трње, а словото го ширеше како семе, и мудро го обработуваше“ (песна од канонот на Утрена на светите отци наши Атансиј и Кирил Александриски).

 

На 31.01.2020 година, денот кога го прославуваме свештениот спомен на светите отци наши и архиепископи Александриски, Атанасиј и Кирил, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Nike release | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD
Повеќе...

„Ангелот кој стои пред Господа, радувајќи се, му благовести на твојот татко, додека тој како свештеник служеше во храмот, дека ќе бидеш Претеча и Пријател на Господа, рамен на ангелите, себлажени“ (песна од канонот на Утрена на Собор на св. славен пророк, Претеча и Крстител Јован).

 

На 20.01.2020 година, денот на празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во храмот „Св. Јован Богослов“ - Канео во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

jordan Sneakers | Nike React Element 87
Повеќе...

„Проповедникот вика: Кој виде да се очиостува Сонце Кое е пресветло по природа, да Те измијам со водите Тебе, Кој си светлина на славата и слика на вечниот Отец? И јас, кој сум сено, да се допрам до огнот на Твоето Божество, зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила“ (песна од канонот на Утрена на Свето Богојавление на Господ Исус Христос).

 

На 19.01.2020 година, денот кога го празнуваме Светото Богојавление на Господ Исус Христос, кога нашиот Спасител дојде во реката Јордан да се крсти, а ангелските сили стоеја на небесата и се чудеа на Божјото снисходење, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Голем Водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу ви ја пренесуваме во целост. На Литургијата присуствуваше и Градоначалникот на општина Охрид, г-дин Константин Ѓорѓиески. По водосветот, сиот верен народ, предводен од Митрополитот Тимотеј и свештенството. со свечена литија се упати кон брегот на Охридското Езеро, каде беа осветени водите, а беше фрлен и светиот Крст. Оваа година Бог благоволи Крстот да дојде во рацете на Петар Рупески. Потоа Митрополитот Тимотеј се упати кон Струга, на водите на реката Црн Дрим, каде беше извршен чинот на Голем Водосвет и беше фрлен светиот Крст, а во Струга најсреќен во фаќањето на светиот Крст беше Дарко Паскоски. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

jordan release date | New Releases Nike
Повеќе...

„Творецот на сите и Господар на вселената, Кој е горе со Отецот и Духот, во осмиот ден се обрезува на земјата како дете. Навистина се божествени и чудни делата Твои, Господи, зашто заради нас се обреза, како Исполнител на законот“ (седален на Утрена на Обрезание на Господ Исус Христос). 

 

На 14.01.2020 година, на празникот Обрезание на Господ Исус Христос и на споменот на св. Василиј Велики, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен Молебен на Нова Година, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј им подели на присутните дечиња по едно новогодишно пакетче.

Asics footwear | Men’s shoes
Повеќе...
Страница 98 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5